Фудбал

ПРИЛЕП: ПРЕД ОПШТИНА СЕ БАРА СПАС ЗА ПОБЕДА, КЛУБ ОД КОЈ АКЦИИТЕ БЕСПЛАТНО СЕ ДОДЕЛУВААТ НА ОПШТИНАТА!

Победа е во најтешка ситуација и затоа сите што го сакаат овој клуб – навивачи, симпатизери, некогашни играчи или поранешни членови на управата се собраа пред зградата на Општина Прилеп да покажат колку им значи овој клуб, колку им значи овој клуб и натаму да опстојува. Собирот значи и поддршка за Општината, барање таа итно да го преземе клубот, да одреди одбор кој би го водел.

Меѓу присутните пред Општината имаше и бивши функционери на Победа, како довчерашниот технички директор Никола Трајкоски, кој информира дека разговарал со претходните водечки во клубот коишто покажале подготвеност бесплатно да ги отстапат акциите на Општина Прилеп. Подоцна истово го потврдија мнозинскиот акционер Јана Мицковска – Попоски, како и нејзиниот сопруг Сашо Попоски.

Според ова, сега очекувањата се свртени кон Општината, па сосема логично е основањето на Иницијативен одбор од симпатизерите, чии претставници в понеделник ќе бараат прием во Општината, кај градоначалникот д-р Борче Јовчески.

ПРВИОТ ТРЕНИНГ В ПОНЕДЕЛНИК?

На денешниот собир беше Стојанче Дунимаглоски, шефот на Стручниот штаб на Победа. Во разговор со него се наметна предлогот за почеток на подготовките, спомнувајќи го понеделник како ден за првиот тренинг. И тоа е од голема важност – првиот тренинг. Битно е да се почне, без оглед колку играчи ќе има, а потоа секој нареден ден бројката присутни ќе се зголемува.

Екипата е на одмор од 25 мај.

Од категоријата

ЖДРЕПКАТА Е В САБОТА

Зоран Иге

ЗА ПЕХАРОТ ЌЕ СЕ БОРАТ ЕКИПИ ОД ПРИЛЕП, БИТОЛА, ОХРИД, СКОПЈЕ, КАВАДАРЦИ…

Зоран Иге

ТРЕТА ЛИГА: ПО ГЛЕДАЊЕ НА СНИМКА, ИЗБРИШАНА КАЗНА ОД 24 МЕСЕЦИ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе

Шампион