Новиот второлигаш Големо Коњари со 2:0 дома го совлада третолигашот Победа од Валандово, на пријателскиот меч. Стрелец на двата гола е Беким Алими.
Според планот, вториот тест за Големо Коњари е в недела, пак дома, со третолигашот Евротип од Битола, а третиот на 31 јули, со второлигашот Вардар во Неготино.
Има можност за пет-шест пријателски мечеви до 23 август, кога почнува Втората лига.