Долго време без информации се издржа, па нема да биде проблем да се почека уште три дена во врска со новостите поврзани со Фудбалскиот клуб Победа од Прилеп. Токму ова е наше сознание, откако немаше вчера (четврток) никакво известување според претходната најава. Дознаваме дека се подготвува битна промена во клубот, за која се договараат и последните детали, па в понеделник би требало да биде запозната јавноста.
За што станува збор не би претпоставувале, најважно е – ако е промена да е позитивна.