Прашалниците во насловот сами по себе доволно кажуваат дека и натаму остануваат неодговорени прашањата на прилепските спортски љубители за тоа што се случува во нивниот најомилен спортски клуб. Нашиот медиум е подготвен и натаму во секое време да објави се што е најново – без оглед дали се работи за изјава, интервју, соопштение или некоја друга форма за информирање на јавноста.
Што се случува или што се случувало може секој да дава свое видување – спортист, тренер, новинар, навивач итн., ама најдобро е тоа да биде од страна на службени и овластени лица, коишто кажаното лесно можат да го поткрепат со документи.