Точно две недели се одвиваат подготовките на новиот фудбалски второлигаш Големо Коњари. За денеска (17:30 часот) на домашен терен оваа екипа ќе одигра пријателски меч со Евротип од Битола, тим второпласиран во претходната сезона од Третата лига – Југозапад. Ова е втор тест за Големо Коњари и нова можност на тренерот Јовица Блажески да ја провери формата на над дваесетина првотимци.
На првиот тест, во четвртокот, Големо Коњари со 2:0 дома го совлада третолигашот Победа од Валандово.