Фудбал

НЕГОТИНЦИ И СЕ ПРИДРУЖИЈА НА ПОБЕДА!

Голема радост за првакот на Третата лига – Југ и новиот второлигаш, Вардар од Неготино, по победата над Новаци од 3:2 на пенали, во основниот дел 1:1, во баражот за влез во второлигашкото друштво. На стадионот во Кичево, поведе Новаци со голот на Антонио Стојковски во 33., израмни Кирил Неделков во 90. минута. И во серијата пенали поведе Новаци со 1:0 и 2:1, но настана пресврт и победа на Вардар. Вардар е второлигаш, како и Тетекс(Тетово) по победата од 6:1 над Осогово (Кочани) и Башкими (Куманово) по успехот од 3:0 врз Велазерими (Кичево).

Така, засега Втората лига ја сочинуваат: Победа (Прилеп), Пелистер (Битола), Детонит (Радовиш), Беса и Аресими (Гостивар), Охрид, Кожуф (Гевгелија), Беласица (Струмица), Караорман (Струга), Саса (Каменица), Скопје, Тетекс (Тетово), Вардар (Неготино), Башкими (Куманово). Две места ќе се пополнат со ждрепка од трите поразени: Осогово, Новаци и Велазерими.

Од категоријата

СОСЕДСКО ДЕРБИ ВО ПРИЛЕП: ОД МИНУС 3 ДО ПОБЕДОНОСЕН ГОЛ ВО ПОСЛЕДНАТА МИНУТА!

Зоран Иге

ГУБИ ПОБЕДА, ГУБИ И СКОПЈЕ!

Зоран Иге

ПРИЛЕПЧАНИ ЌЕ СЕ ВРАЌААТ ВО ПОБЕДА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе