Заврши голем настан во спортско воздухопловно моделарство, Европското јуниорско првенство во Салонта, Романија. Во дисциплината Ф-1-А (едрилици) Македонија ја претставуваа браќата Лука и Дино Најдоски (Фил феникс, Прилеп). Според службениот претставник Здравко Тодороски, на конечната табела Лука е на 13-то, а помалиот Дино на 32-ро место во Европа. Добри пласмани ако се земе предвид дека на овој шампионат учесници беа 50 млади пилоти, а медалите им припаднаа на Германец, Израелец и Унгарец.
– Одлична организација и постигнати високи резултати. Се гледаме на Европското сениорско првенство 2026 година и Светското јуниорско првенство во Прилеп – порача Тодороски.