Висока победа од 4:0 постигна Големо Коњари на својот терен против Евротип од Битола, на пријателскиот дуел. Новиот второлигаш беше подобар од второпласираниот во Третата лига – Југозапад. Четирите гола ги дадоа четири стрелци: Михо Андреевски, Кире Наумоски, Филип Станојоски и Владимир Бешовски. Беше втор тест за големокоњарскиот тим, по првиот на 24 јули, кога со 2:0 дома беше совладан третолигашот Победа од Валандово.
Следен трет пријателски меч за Големо Коњари е в четврток, со второлигашот Вардар во Неготино.