Фудбал

ПРИЛЕП: ВО ОВАА ЗГРАДА СЕ ФОРМИРА ИНИЦИЈАТИВЕН ОДБОР ЗА СПАС НА ПОБЕДА, СО НАЈАВА ЗА СРЕДБА ВО ОПШТИНАТА!

Прилеп не може да мирува по дознавањето за големата криза во Фудбалскиот клуб Победа, криза која може да доведе до несакан епилог. Затоа во саботата пред Општината се собраа многу прилепчани загрижени за својот омилен клуб, собир од кој произлезе идејата за формирање Иницијативен одбор. Токму тој Иницијативен одбор е формиран денеска во зградата од клубот, на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ со намера утре да има прием во Општината, кај градоначалникот д-р Борче Јовчески.

Очекувањата се да се почне со решавање на проблемот со клубот, чии сениори се во второлигашкиот ранг, а и младите категории во вториот ранг по вредност на државно ниво. Што се однесува до акциите, очекувањата се тие конечно од досегашните сопственици да се префрлат на Општината, бидејќи токму тоа беше најавено деновиве. Тие што се запознати со начинот на функционирање на клубот, велат дека само откако ќе се случи префрлањето на акциите, дури потоа може да следат наредните потези за консолидација. Затоа и поканата досегашните сопственици на акциите од Скопје да допатуваат што побргу во Општина Прилеп за да се завршела таа работа.

Низ Прилеп се зборува насекаде на темата Победа, се споменуваат многу предлози за спас, а меѓу нив е и организирањето на донаторска конференција, за донација на финансии неопходни за санација.

Од категоријата

ГОЛЕМО КОЊАРИ ДЕНЕСКА: ЕКИПИТЕ СО СВОИТЕ НАЈДОБРИ СОСТАВИ ПРЕД НАЈДОБРАТА ПУБЛИКА!

Зоран Иге

СТРЕС ЗА ЦЕЛА ЛИГА: ГОЛЕМО КОЊАРИ СО 16 НОВИ ИГРАЧИ!

Зоран Иге

БРАЌА И БРАТУЧЕДИ ЕДНИ ПРОТИВ ДРУГИ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе

Шампион