Од 20 до 27 јули Крушево беше планетарен центар, место каде се одржа Светскиот параглајдинг куп, со присуство на 145 пилоти од 40 држави. Крушево и Македонија покажаа организација и гостопримство, а пилотот Мартин Јованоски врвен квалитет.
За прилепчанецот Мартин Јованоски не е никакво изненадување висок пласман на светско ниво. Според тоа, на овој Светски параглајдинг куп сосема очекуван е неговиот пласман на високото 3. место поединечно. Над него, меѓу 133 учесници, беа само Финецот Маконен и Французинот Хамард. А Јованоски се искачи и на врвот, во екипна конкуренција. Со тимот Озон, во кој беше заедно со двајца Французи – Хонорин Хамар и Баптист Ламбер, Италијанецот Јоаким Оберхаусер, Мартин Јованоски го освои првото место во конкуренција на 14 тима.
Параглајдерството е со традиција од повеќе децении во Прилеп, во Македонија.