Мечот од 2. коло на Третата лига – Југ, Ултрас – Бучин заклучен е уште по завршувањето на првото полувреме, со резултатот 4:1. Причина е што второто полувреме не се одигра на Игралиштето со вешташка трева во Прилеп. Во записникот пишува дека токму тогаш гостинскиот претставник изјавил оти имало вирус и повраќање кај поголем дел од играчите на Бучин, па тие не биле во состојба да го продолжат мечот.

Стрелци на головите на овој меч беа: Дарио Наумовски во 7. и 8., Бобан Тошески во 11., Дино Варошаноски во 25. (Ултрас) – Бојан Мицески во 36. минута (Бучин).



Други двојки од ова коло за утре (недела) од 16 часот: Млекар – Тополка, Борец – Влазними јуниор, Венец – Росоман, Башкими Ј. – Младост, Превалец – Питу Гули, а Дреново е слободно.