Утре (сабота) од 15 часот е 23. коло од Втората фудбалска лига на Македонија, во чија рамка и мечот Победа – Вардар Неготино, на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп. Значаен дуел во кој Победа има шанса да поврзе три успешни меча. Прво одигра 0:0 на гости со Охрид, потоа дома 0:0 со големиот фаворит Башкими (Куманово), а сега на ред е дуелот дома со Вардар (Неготино). Тоа е директна пресметка на двата тима што се борат да бидат што повисоко од 14. место, што води во бараж за опстанок. Доколку победи прилепскиот тим, тогаш му се оддалечува на Вардар 5 бода, а и од 14 место на кое се наоѓа Осогово (Кочани), тим што гостува на Арсими (Тетово). Влезници за овој меч, Победа – Вардар Н., благовремено можат да се купат кај „Играчки – Тргачо“, продавницата во центарот на Прилеп.
ДВОЈКИ ЗА 23. КОЛО (сабота, 5 април, 15 часот): Победа – Вардар Н., Башкими – Новаци, Охрид – Саса, Беласица – Вардарски, Арсими – Осогово, Македонија ЃП – Скопје, Борец – Кожуф, Брегалница – Детонит.
ТАБЕЛА: Македонија ЃП и Башкими 49, Брегалница 47, Арсими 45, Скопје 34, Детонит, Саса и Охрид 32, Кожуф и Беласица 31, Победа и Новаци 23, Вардар Н. 21, Осогово 17, Борец 10, Вардарски 8.