Есенва во Прилеп во футсал никој не успеа да победи, единствено Проект од Јосифово, Валандовско. Овој тим двапати за 15 дена победи и за првенство и за Куп, против домашната Победа. И, што е интересно, двапати даде по ист број голови – 12 во салата на ООУ „Добре Јованоски“. Пред две недели, во рамките на второлигашкото првенство, со 12:3 ги освои трите бода, а вечерва, во осминафиналето од Купот, резултатот е 12:2. Стрелци: Бобан Недевски 1, Стефан Спиркоски 1 (Победа) – Кристијан Гавровски 2, Димитар Јанев 5, Трајче Трајков 2, Александар Михајлов 1, Бојан Јанев 1, Марио Благојевски 1 (Проект). Проект е лидер во Втората лига со 30 бода, Победа седма со 13.
РЕЗУЛТАТИ: Победа – Проект 2:12, Енхалон – Кораби 6:7, Конзули – Партизан 4:3, Кратово – Мал Ајакс 4:2 , Университи – Шкендија 5:4.
Следи пауза, потоа завршница од второлигашката полусезона, каде Победа прво дома игра со Каршијака од Студеничани, Скопско, потоа на гости со Шкендија во Тетово.