Синоќа на стадионот „Емирати“ во Лондон беше првиот четвртфинален дуел од Лигата на европските шампиони, Арсенал – Реал Мадрид. Таму присутните на трибините од свој агол го проследија мечот, како навивачи на домашниот или гостинскиот тим. Во истото време, група навивачи на Реал Мадрид од цела Македонија беа собрани во Прилеп, во кафе-барот „Табу“, каде заеднички навиваа за омилениот клуб. Овојпат немаа повод за радост, со оглед на резултатот од 3:0 во полза на ривалот, но од своја страна дадоа се од себе, максимум, со масовното присуство, со навивањето, со амбиентот што го создадоа во боите на „кралскиот клуб“.
Настанот во Прилеп го искористивме за разговор со потпретседателот на „Пења мадридиста Македонија“, Дарко Василевски од Скопје.
ВИДЕО