Денеска беше 24. коло од Втората фудбалска лига на Македонија. Во Новаци, Новаци – Победа 0:0. Меч без голови, поделба на бодовите. Од аспект на Победа, ова е вреден бод за неа, за враќање на расположението, по претходниот пораз дома од неготински Вардар.
Во ова коло се случија други три интересни резултати: Вардар Н. – Брегалница 1:0, Кожуф – Македонија ЃП 0:0 и Вардарски – Охрид 3:0.
Од мечот во Неготино објавуваме четири фотографии што ни ги испрати Рубин Алексоски, службениот претставник на Победа.
НОВАЦИ: Симоновски, А. Петкоски, Андоновски, С. Стефановски, Здравевски (86. Трајчевски), Сефедин, Д. Стојановски, Б. Стефановски, Торнески, Јовановски (82. Груевски), Димовски (88. Л. Стојановски). Тренер: Дарко Крстески.
ПОБЕДА: И. Николоски, М. Талески, Ивчески, Казимоски (92. Г. Димоски), Исмаил (82. Табаковиќ), Д. Шаркоски, Ф. Димоски (46. Арифи), Љумовиќ (67. Крајоски), П. Петроски, Каба, Богевски. Тренер: Стојанче Дунимаглоски.
РЕЗУЛТАТИ 24. КОЛО: Новаци – Победа 0:0, Вардар Н. – Брегалница 1:0, Детонит – Борец 2:0, Кожуф – Македонија ЃП 0:0, Скопје – Арсими 0:2, Осогово – Беласица 0:0, Вардарски – Охрид 3:0, Саса – Башкими 0:5.
ТАБЕЛА: Македонија ЃП и Башкими 53, Арсими 51, Брегалница 48, Детонит 36, Беласица и Охрид 35, Скопје 34, Кожуф и Саса 32, Вардар Н. 27, Новаци 25, Победа 24, Осогово 18, Борец 13, Вардарски 11.
СЛЕДНО 25. КОЛО (19 април во 16 часот): Победа – Саса, Новаци – Вардар Н., Башкими – Вардарски, Охрид – Осогово, Беласица – Скопје, Арсими – Кожуф, Македонија ЃП – Детонит, Борец – Брегалница.