Како што е одамна низ Европа, така се воведува практика и во Прилеп, влезници за фудбалските натпревари да се продаваат неколку дена пред одигрувањето. Така и во пресрет на дуелот Победа – Саса од 25. коло на Втората лига на Македонија. Се игра в понеделник, 21 април, од 16 часот, а им се излегува во пресрет на сите што сакаат да бидат на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп за да ја поддржат својата Победа во стремежот да биде што повисоко на табелата, што повисоко од трите непосакувани места. За сите што сакаат да купат карти совреме, веќе денеска имаат можност во центарот на градот, од продавницата за играчки „Тргачо“. Цената на картите е непроменета – 100 денари, се со цел да се зголемува бројот присутни на трибините.
Потсетуваме, Победа има шанса за успешна серија, ако се земе предвид дека претходно зеде бод (0:0) од Новаци, в понеделник игра дома со Саса, потоа гостува кај Вардарски во Богданци, па игра дома со Осогово.
ВТОРА ЛИГА 25. КОЛО (21 април, понеделник, 16 часот): Победа – Саса, Новаци – Вардар Н., Башкими – Вардарски, Охрид – Осогово, Беласица – Скопје, Арсими – Кожуф, Македонија ЃП – Детонит, Борец – Брегалница.
ТАБЕЛА: Македонија ЃП и Башкими 53, Арсими 51, Брегалница 48, Детонит 36, Беласица и Охрид 35, Скопје 34, Кожуф и Саса 32, Вардар Н. 27, Новаци 25, Победа 24, Осогово 18, Борец 13, Вардарски 11.