Фудбал

(фото) СТРЕЛА СТРЕЛАШЕ ДВАПАТИ ЗА ПОБЕДА НАД МУКОС!

Екипата Стрела (Ерековци) е првиот финалист од плеј-офот за првак на А-лигата од ОФС Прилеп, по денешната победа од 2:0 над Мукос (Дреновци).

На Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп, во убав амбиент од присутни гледачи и навивачи на двата тима, Стрела се покажа подобар ривал. Во првото полувреме водството од 1:0 го донесе Влатко Петрески. Во второто полувреме, кога Мукос остана без исклучениот Дарко Србиноски, екипата од Ерековци ја искористи предноста и во финишот го зголеми резултатот на 2:0 со голот на Дарко Ристески.

Победата на Стрела е мало изненадување, со оглед на тоа што во основниот дел на првенството Мукос двапати победи во меѓусебните дуели – дома со 4:1, на гости со 3:2, а на табелата собра 44 бода, 4 повеќе од Стрела.

Утре (недела) два меча на Градскиот стадион „Гоце Делчев“. Прво во 10 часот претпладне второто од Б-лигата Боротино игра бараж со претпоследната од А-лигата,Тризла. Попладнето (16 ч.) е дуелот меѓу прво и четвртопласираната од А-лигата, Кадица (Забрчани) – Влазними (Пресил) за пласман во плеј-оф финалето, в среда од 16 часот, каде победникот станува член на Третата лига – Југ.

 

Од категоријата

ФУДБАЛ ИМА ДЕНЕСКА И УТРЕ

Зоран Иге

ПОБЕДА ВО СТРУГА ДАДЕ 11 ГОЛА, НО…

Зоран Иге

ПОБЕДА СО НОВ ТРЕНЕР ДО ВТОРНИК!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе