На чекањето му дојде крајот, така што денеска ќе се случи првиот официјален собир на второлигашот Победа. Според наши сознанија, првиот тренинг ќе биде во 17.30 часот на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп.
Во клубот има средување на повеќе нивоа, како финансиско (од Општината одобрени се 1.000.000 денари и се преговара со компании потенцијални поддржувачи), организациско (одредено ќе биде лице за да го води клубот, предводник на Управата), стручно (и официјално објавено ќе биде името на тренерот, шеф на Стручниот штаб со асистентите), играчко (се собира потребниот фонд фудбалери – младинци, досегашни првотимци, повратници и засилувања).
Претстојат мини-подготовки до 23 август, кога е првото првенствено гостување во Новаци.
МОЛБА ЗА ПОМОШ!
