На 23 април ненадејно и прерано, на 31 година, животот го заврши крушевчанецот Сотир Стојчески – Мазар. Сите што го познавале, за него зборуваат дека бил интелектуалец пред времето, човек што се одликувал со верно другарство и скромност. За да трае и натаму споменот за него, се потрудија неговите другари преку организација на Меморијален турнир во мал фудбал „Сотир Мазар“.
– Сотир беше голем љубител на фудбалот, па поради тоа ние, другарите на Сотир, решивме да го зачуваме споменот за него преку организирање на турнир во мал фудбал – е објаснувањето на иницијаторите.
Турнирот е од 13 до 17 август, секој ден од 18 часот, на повеќенаменското игралиште на Гумење во Крушево, со учество на 12 екипи во борба за награден фонд од 80 илјади денари. Има повеќе покровители, а главен е Општина Крушево.
МОЛБА ЗА ПОМОШ!
