Ако бараме раритет, тоа секако претставува братството меѓу два спортски, фудбалски клуба – Хајдук (Лознани, Битолско), член на Општинска Б-лига на ОФС Битола и Прилеп сити (Прилеп), член на А-група од Општинската лига на ОФС Прилеп. Она што досега никој никаде не го видел, токму тоа овде е реалност – збратимени клубови преку чинот на збратимувањето којшто се случи пред четири години, на 22 август 2021 година. Оттогаш наваму сведоци сме на многу пријателски натпревари, дружби, се она што ја претставува убавата страна на животот.

И денешното попладне беше искористено за нов пријателски дуел во Лознани. Игра и однесување од актерите за пример. Немаше потреба од судии (во таа улога беше Дафилче Чивијовски), затоа што играчите сами застануваа ако има фаул, игра со рака, офсајд, аут… Во почетниот дел од мечот кога домашните дадоа гол, истиот беше поништен поради тоа што екипите се согласија дека претходно топката била надвор од теренот, во корнер.
Ако се земе предвид дека ова место Лознани има само 130 жители, за восхитување е што и натаму успева да го одржи фудбалскиот клуб. А очигледно желбата е толку силна, така што и на денешниот меч едни беа учесници, други организатори, трети гледачи околу теренот, па може да се констатира дека безмалку цело Лознани беше на или околу игралиште.
ХАЈДУК – ПРИЛЕП СИТИ 2:6 (1:3)
ХАЈДУК: А. Апостоловски, Ј. Адемовски, К. Анастовски, В. Трајчевски, Н. Ралевски, Т. Бајрамовски, А. Пичуловски, С. Велески, Б. Наумчевски, Г. Велески, Б. Велески. Играше уште Д. Дрнковски.
ПРИЛЕП СИТИ: Д. Милески, Д. Бошкоски, А. Никоски, Ф. Крстески, Д. Мицески, М. Наумов, Б. Ристески, И. Мирчески, Д. Грозданоски, Д. Јосифоски, А. Барлески. Играше уште: Х. Маркоски.
Стрелци: Г. Велески 2 (Хајдук), Б. Ристески 2, Д. Јосифоски 2, И. Мирчески 1, М. Наумов 1 (Прилеп сити).
Настан за незаборав, за срдечниот прием со благодарност од гостинскиот табор предводен од претставникот Коста Мирчески, па затоа наскоро, во текот на август или септември, ќе има реванш пријателски меч во Прилеп.
Во врска со денешните настани на порталов следниве денови ќе објавиме уште материјали, како аудио-разговор со Бенито Наумчевски, претставникот на ФК Хајдук.
МОЛБА ЗА ПОМОШ
