Фудбал

(фото) ПРИЛЕП: ПОБЕДА ПОЧНА СО 20 ФУДБАЛЕРИ, НОВ ДИРЕКТОР И МНОЗИНСКИ АКЦИОНЕР!

Како што најавивме во нашиов медиум, денеска попладне се случи првиот собир на фудбалскиот второлигаш Победа. На Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп прво шефот на Стручниот штаб Стојанче Дунимаглоски и асистентот Дејан Кебакоски одржаа состанок со околу 20 присутни фудбалери, а потоа беше одржан и првиот тренинг.

– Претстојат мини-подготовки со тренинзи и барем еден пријателски меч. Иако доста првотимци заминаа, работиме на тоа да бидеме покриени со квалитетни поединци на сите позиции. Не очекува тешка првенствена битка, а ние ќе дадеме максимум – изјави Дунимаглоски.

Веќе се зборува за потенцијални засилувања, како Дарко Тофилоски, Горан Димоски, Николче Шаркоски, Лука Трајкоски, Андреј Петкоски, Христијан Драгарски…

Новости има и во поглед на лицата што се во раководството на клубот. Така, нов извршен директор е Филип Илиоски (претходно повеќе години, а и сега генерален секретар), а нов сопственик на  70 проценти од акциите е Владимир Мирчески (досега познат како генерален секретар претходните три месеци).

На денешната прес-конференција беше речено дека клубот во моментов се наоѓа во незавидна ситуација, но се побара помош од инстутуции (Општината донира милион денари) и од компании (запознаена била Стопанската комора на Прилеп).

Почетокот на мини-подготовките го проследија најверните приврзаници на Победа, како Димитар Чучуроски – Чучуро, Роберт Паноски – Тргачо, Рубин Алексоски, Кире Иваноски – Балче, Пеце Томески и други.

МОЛБА ЗА ПОМОШ!

Од категоријата

84 ДЕНА ЗА СИТЕ, ПА И ЗА КЛУБОВИТЕ ОД ОФС ПРИЛЕП!

Зоран Иге

НОВ СПОРТ „ВАЛКАЊЕ В КАЛ“ ВО КОЈ ПОБЕДА ПРИМИ 8 ГОЛА!

Зоран Иге

ПОБЕДА ПРИЛЕП: КОЈ ЌЕ БИДЕ НОВ ТРЕНЕР?

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе

Шампион