Се одиграа мечевите од 12. коло на Општинската лига на ОФС Прилеп. Во А-групата еве ги резултатите:
Кадица Забрчани – Прилеп сити 6:0 (Горан Базеркоски 3, Валентин Трајкоски, Леонардо Силјаноски 2), Млекар мало Коњари – Козара Заполжани 3:1 (Александар Колчакоски, Филип Трајкоски 2 – Теодор Мицкоски), Напредок Крушеани – Корзо Прилеп 3:1 (Бојан Мицески, Андреј Николоски, Христијан Тодоровски – Кирил Мирчески).
ТАБЕЛА
Следно 13. коло (4 мај во 10 часот): Корзо – Млекар, Козара – Кадица, Прилеп сити – Стрела (во 13 часот).
Во Б-групата дојде до смена на врвот од табелата. Наместо Кадино, сега лидер е Гарван. Еве ги резултатите:
Црвена ѕвезда Сенокос – Пролетер Прилеп 5:2 (Виктор Димоски, Васко Попоски 2, Сашо Ангелески, Дарко Србиноски – Денис Османоски, Ернес Алиоски), Динамо Мажучиште – Кадино 2:1 (Славе Тодороски 2 – Благоја Наумоски), Боротино – Гарван Десово 3:6 (Никифор Ујгуноски, Дејанчо Јанчески, Бојан Ризоски – Сади Османоски 3, Малиќ Рамовиќ 2, Исуф Бајрактари).
ТАБЕЛА
Следно 13. коло: Гарван – Динамо, Кадино – Црвена ѕвезда, Пролетер – Братство ГК.