Денешното 28. коло од Втората лига на Македонија не ја расчисти дилемата околу тоа кои екипи директно ќе влезат во прволигашкото друштво, која ќе биде во баражот, како и околу баражот за опстанок. Екипата на прилепска Победа освои вреден бод кај Скопје со резултат 0:0. Не е вреден само бодот, ами и новите 90 минути непримен гол, кои со претходните 387 минути го прават новиот рекорд од 477 минути одбранета мрежа. Последниот гол е примен во 23. коло на 5 април дома од Вардар Неготино. Денеска иако имаше добри шанси на двете страни, голманите Александар Игески (Скопје) и Иван Николоски (Победа) останаа несовладани.
Од мечот на стадионот „Железарница“ во Скопје на кој присутни биле 43 гледачи, објавуваме фотографии што ни ги испрати Рубин Алексоски, службениот претставник на Победа.
СКОПЈЕ: Игески, Наумовски, Шуку, Богдановски (61. Кировски), Михолов, Селими (55. Наков), Адеми, Ристоски (87. Дејановски), Спасиќ, Рамадани, Најдоски. Тренер: Љупчо Марковски.
ПОБЕДА: И. Николоски, М. Талески, Ивчески, Д. Шаркоски, Д. Н. Паскоски (46. Казимоски), Арифи (83. А. Петрески), Ф. Димоски, Љумовиќ (69. Исмаил), Кофиловски, Каба, Богевски. Тренер: Стојанче Дунимаглоски.
РЕЗУЛТАТИ 28. КОЛО: Скопје – Победа 0:0, Вардар Н. – Македонија ЃП 0:1, Борец – Арсими 2:4, Брегалница – Беласица 1:0, Детонит – Охрид 3:2, Кожуф – Башкими 1:2, Осогово – Новаци 2:0, Вардарски – Саса 1:4.
ТАБЕЛА: Македонија ЃП 63, Арсими 61, Башкими 60, Брегалница 55, Детонит 43, Охрид 42, Беласица и Саса 39, Скопје 36, Кожуф 33, Новаци и Победа 32, Вардар Н. 30, Осогово 26, Борец 13, Вардарски 11.
СЛЕДНО 29. КОЛО (10 мај во 17 часот): Победа – Кожуф, Вардарски – Вардар Н., Саса – Осогово, Новаци – Скопје, Башкими – Детонит, Охрид – Брегалница, Беласица – Борец, Арсими – Македонија ЃП.