6.7 C
Прилеп
6 април , 2025
Фудбал

РАБОТНИЧКИ БЕЗ ШЕФ НА СТРУЧЕН ШТАБ УСПЕА ДА ПОБЕДИ ВО ПРИЛЕП

Брегалница - Работнички 0-3(0-1)

Екипата на Работнички убедливо, со 3:0 ја совлада Брегалница, во 26. коло од Првата фудбалска лига. Скопскиот тим на овој меч, што може да се види во официјалниот записник, одигра без шеф на Стручниот штаб, а беше воден од Стојан Игнатов, кондициски тренер. На претходниот меч, при поразот дома со 1:3 од Струга, шеф на Стручниот штаб беше Борче Христов, со кого клубот потоа ја раскина соработката. Инаку, на денешниот дуел кој се одигра во Прилеп поради реновирањето на теренот во Штип, гостите покажаа многу повеќе. Можеби клучни беа првите два гола на Методи Максимов во 16. и 46. минута, по кои иницијативата ја презеде штипскиот состав, но попусто бидејќи од неколкуте обиди не беше совладан одличниот голман Бурхан Мустафа. Печат на мечот стави Бојан Илиевски во 66. минута. Така, фаворитот, според табелата, на овој меч е убедливо поразен, па Работнички само на три бода се доближи до шестопласираната Брегалница.

Брегалница со нетрпение чека да се врати како до маќин во Штип, со оглед на поразот во Прилеп и претходното реми во Скопје со Ренова.

Од категоријата

ПРИЛЕПЧАНИТЕ ДАДОА 9 ГОЛА, НО…

Зоран Иге

КОЈ ПОБЕДУВА, СТАНУВА ТРЕТОЛИГАШ!

Зоран Иге

(фото, состави, стрелец) ВО ПРИЛЕП КЛУЧНА 84. МИНУТА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе

Шампион