Скромна ефикасност денеска на натпреварите од 13. коло на Третата лига – Југ. И овојпат исклучок е мечот каде настапи лидерот Вардар. Неготинците претходното коло со 10:0 славеа дома со Динамо, а денеска мошне лесно, со 6:1 го совладаа аутсајдерот Возарци на негов терен. Стрелци за победникот се Даниел Буровски, Петар Најдов, Марјанчо Илов, Даниел Марков, Петар Ристовски и Дарко Мојсовски, а за поразениот Ванчо Симонов. На теренот со вештачка трева во Прилеп голема борба помеѓу Динамо од Мажучиште и Бучин, во која домашните со пресврт стигнаа до победа од 2:1. Бучин поведе преку Никола Сламкоски, израмни Кире Наумоски, а истиот играч на 11 минути пред крајот реализира пенал за победа на својот тим.
РЕЗУЛТАТИ: Динамо – Бучин 2:1, Големо Коњари – Превалец 0:0, Слога – Питу Гули 1:2, Возарци – Вардар, Ново Црнилиште – Марена 1:1, Младост – Обршани 1:2.
ТАБЕЛА: Вардар 32, Превалец 29, Росоман и Ново Црнилиште по 23, Големо Коњари и Питу Гули по 22, Динамо 15, Марена 14, Слога 13, Обршани 11, Бучин 10, Младост 7, Возарци 0.
ИДНО 14. КОЛО (25 април во 17 ч.): Големо Коњари – Вардар, Питу Гули – Обршани, Младост – Марена, Ново Црнилиште – Росоман, Возарци – Бучин, Динамо – Слога.