Фудбал

ФУДБАЛ, А ПАДНАА 14 ГОЛА!

И во фудбалот се даваат многу голови, особено ако играат многу силен со многу послаб противник. Попладнево во Велес екипата на Превалец со 13:1 го совлада Обршани, во 17. коло од Третата лига – Југ. Седуммина од победничкиот тим ја затресоа гостинската мрежа – Пеце Стојанов и Дарко Ранготов по трипати, Живко Ѓорѓиевски и и Кристијан Маневски по двапати, по еднаш Филип Драскачев, Ангел Гаштев и Бобан Дукадиновски. За Обршани почесниот гол го даде Петар Кромидоски.

РЕЗУЛТАТИ: Возарци – Питу Гули 0:3 (Унча Бојаџиевски два, Димитар Мургоски), Бучин – Ново Црнилиште 2:2 (Никола Сламкоски, Христијан Димовски – Газаљ Сулемани, Беџахудин Сулемани), Вардар – Младост 6:0 (Александар Трајков, Дарко Мојсовски, Ѓорѓи Шишков, Петар Најдов, Антонио Јанев, Даниел Буровски) и Росоман – Марена 4:1 (Илија Ристески, Стефан Тодоровски, Емануел Елмазов, Игор Ѓорѓиев – Александар Велјанов), Динамо – Големо Коњари на 18 мај.

ТАБЕЛА: Вардар 41, Превалец 38, Питу Гули 34, Росоман 33, Ново Црнилиште 25, Големо Коњари 23, Динамо 21, Марена 20, Слога 17, Бучин 14, Обршани 11, Младост 10, Возарци 3.

СЛЕДНО 18. КОЛО (недела во 17 ч.): Питу Гули – Росоман, Марена – Превалец, Обршани – Вардар, Младост – Бучин, Ново Црнилиште – Слога, Големо Коњари – Возарци.

Од категоријата

КОИ ИЗМЕНИ ВО ПОБЕДА ЗА УТРЕ?

Зоран Иге

(ФОТО) ГОЛОВИ И ОД ЦЕНТАР СО ЕКИПИ ОД СКОПЈЕ, Д. ХИСАР, ОХРИД…

Зоран Иге

БАБУНСКИ БЛАГОДАРЕН ЗА ПОДДРШКАТА И ТРПЕНИЕТО НА ПРИЛЕПЧАНИТЕ

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе