Пинг-понг

ПРИЛЕПЧАНИ СО ЕДНА НОГА ВЕЌЕ ВО ФИНАЛЕ!

За да се знае кој е актуелен македонски шампион, екипата на прилепска Младост 96 со високи 4:1 го совлада штипскиот тим Шампион ФА, на првиот полуфинален натпревар од плеј-офот на машката пингпонгарска Супер лига. Во прилепската Пингпонгарска сала до ДТВ „Партизан“ домашните поведоа со 2:0 преку победите на штипјанецот Петар Костовски со 3:1 над Филип Младеновски и на Србинот Стефан Костадиновиќ со 3:0 над Сашко Богатинов.

Потоа гостите намалија со победата на Дамјан Стојчев со 3:2 над Андреј Лашкоски. Но пак се си дојде на свое место откако Костовски со 3:0 го совлада Богатинов, а на крајот Лашкоски со 3:1 беше подобар од Младеновски. Утре во Штип се игра реваншот и ако прилепчани пак победат, влегуваат во финалето да се борат за одбрана на титулата.

Второто полуфинале е Крива Паланка – Телеком нец 2 од Скопје.

Од категоријата

ПРИЛЕПЧАНЧЕТО МАРТИН СО СРЕБРЕН МЕДАЛ НА ТУРНИРОТ КАДЕ УЧЕСТВУВАА 12 ДРЖАВИ!

Зоран Иге

ПРИЛЕПСКИОТ ТИМ Е НА ЧЕКОР ДО ТИТУЛАТА!

Зоран Иге

ПРИЛЕПЧАНИТЕ ОД 1:3, СВРТИЈА НА 4:3!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе