Некогаш беше многу едноставно – вклучуваме Македонска телевизија и гледавме пренос од фудбалската репрезентација на Македонија. Сега е многу покомплицирано отколку што замислувавме – гледачите за секој меч се прашуваат каде ли ќе има пренос? Така, за натпреварот Бугарија – Македонија, кој е в четврток во 18 часот, во рамките на 1. коло од Лигата на нации, група Ц4, пренос единствено е најавен на телевизискиот канал Арена премиум 2. Многумина ќе немаат можност да го гледаат преносот од единствена причина што имаат на располагање се од домашните канали, од спортските канали сите под Спорт клуб или Евроспорт, но не и тие од Арена.
Веројатно за секој нареден пренос и натаму ќе има неизвеснот на кој канал ќе биде.