Оптимизмот и позитивната атмосфера се секогаш показатели дека се се движи во правилна насока. Така и во фудбалскиот прволигаш Победа, во тренажниот процес кој штотуку стартуваше под водство на новиот шеф на Стручниот штаб Бобан Бабунски. Видливо е дека и младите првотимци гледаат нов предизвик и можност за докажување.
„За Прилеп малку знаев, а сега овој град многу ми се допаѓа. Тука преубаво ме пречекаа сите во клубот, а посебно доживување е амбиентот, многубројната публика. Сега имаме добри услови за подготовки и не мислиме само на опстанок, ами и за нешто погоре. Првата лига е многу силна, но и ние сме добра екипа“, рече напаѓачот Атхе Мазари.
Целиот разговор може да се види подолу: