Во прволигашот Победа дојден е фудбалер од Србија, напаѓач. Тој ќе биде на проба и доколку ги задоволи барањата на стручњаците, ќе му пристапи на клубот. Покрај него, на договор со прилепскиот прволигаш се чека од страна на Нигериецот Удома Чуквума од Пелистер, Ѓорѓи Јованоски од Слога, Игор Паноски од Воска, Методија Делов од Тиквеш, Љавдрим Фазлиу од Македонија ЃП. Од друга страна, заминати се сметаат Оливер Христов, Благој Истатов, Дарко Анѓелески, Борче Сркески и Даниел Карчески.
По првата контрола со Брегалница во Штип, попладнево требаше да има меѓусебен тренинг-меч, кој е одложен поради силниот дожд.
ТРЕНИРААТ ТОФИЛОСКИ И СПИРКОСКИ
Во Победа кон тренинзите се приклучени голманот Дарко Тофилоски и голгетерот Бојан Спиркоски. Според ова, останува отсутен уште само играчот за врска Јорданчо Наумоски, кој е повреден. Стручниот штаб, предводен од Бобан Бабунски има на располагање 25 првотимци.