Екипите на Работнички и Победа одиграа нерешено 0:0 на пријателскиот меч попладнево на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, Скопје. Во првото полувреме домашните двапати се заканија со добри шанси, но голманот Тофилсоки одбрани. Во вториот дел скопјаните имаа еден остар удар кој го одбрани голманот Котевски. И Победа се покажа во добро издание, со неколку обиди пред домашниот гол. Ремито е поволен исход за новиот прволигаш. Екипата на Победа настапи со Тофилоски, Бошески, Стомнароски, Делов, Хани, Дебрешлиоски, Тодороски, Петејчук, Мазари, М. Наумоски и Б. Спиркоски, а во вториот дел имаше повеќе измени: Котевски, Фазлиу, Шошкиќ, Илијоски-Кисески, Чуквума….
Следниот тест на тимот од тренерот Бобан Бабунски е со прволигашот Струга.