Шах

ТРОЈЦА СРБИ ДОЈДОА ВО ПРИЛЕП

Штотуку се формира нов прилепски шаховски клуб под името Пелагон, и веднаш станува силен. За него играат тројца Срби: ИМ Драшко Бошковиќ, ИМ Младен Миленковиќ и ИМ Горан Арсовиќ. Сите имаат висок рејтинг, од 2359 до 2436 поени. Покрај нив се и домашните шахисти кои се веќе докажани на големи натпреварувања, Дејан Ѓорѓиески, Горан Готовуша, Марјан Дамчески, Звонко Хаџи-Попоски, Мартин Николовски, Александар Котески и Михаил Маркушески. Екипата Пелагон е учесник на Екипното првенство на Македонија – Втора лига А-група, кое стартува попладнево и завршува в сабота. Амбицијата е освојување на 1. место, што обезбедува влез во Првата лига. Ривали на прилепскиот состав во второлигашката конкуренција се Шах мат (Градец), Карпош (Скопје), 4 Ноември (Битола), Струга и Ласкер (Охрид), додека во Б-групата се Шкупи, Центар (Скопје), Шкендија (Тетово), Теута (Матејче), Шах шех (Битола) и Цареви Кули (Струмица).

За разлика од Пелагон, клубот Прилеп е во Првата лига, која се игра во октомври.

Од категоријата

ВЕЛЕСКИ ГО ПРЕТСТАВУВА ПРИЛЕП ВО СКОПЈЕ!

Зоран Иге

ПРИЛЕП ГО СРУШИ ИТАЛИЈАНСКИОТ ЛАЦИО!

Зоран Иге

ЧУДО: ЕДЕН ДЕН, ДВА ТУРНИРА ВО ДВА ГРАДА – ИСТИ УЧЕСНИЦИ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе