Ждрепката сакаше да се совпаднат планот на серијата пријателски мечеви на прволигашите Победа и Струга со распоредот за Првата лига. Според него, на 7 август во Струга се игра натпреварот од 1. коло меѓу домашниот тим и Победа, а двата ривала веќе денеска попладне (17,45 ч.) ќе одиграат меѓусебен пријателски меч на истиот терен, како што од порано беше договорено.
Денеска вечерна (18,30 ч.) пријателска средба има и младинската екипа на Победа, со Спартак во Суботица.