Фудбал

ДОБРА ИГРА, А ПОРАЗ ВО СТРУГА

Во Струга се одигра пријателскиот фудбалски натпревар помеѓу прволигашите Струга и прилепска Победа. Во, речиси, рамноправна игра, домашните победија со 2:0. Победата се должи на двете искористени шанси, едната во почетниот дел од првото полувреме втората во самиот финиш на мечот. При постигнувањето на вториот гол, прилепскиот тим имаше играч помалку на теренот, по исклучувањето на Хани што се случи десетина минути пред тоа. И покрај поразот, може да се каже дека Победа остави солиден впечаток против шестопласираната екипа од минатото прволигашко првенство. Недостига реализација. Сепак, резултатот од денешниот натпревар е во втор плам, имајќи предвид дека многу поважно е што ќе биде по две недели, на 7 август, кога на истиот терен ќе биде првенствениот дуел со истиот ривал.

Инаку, на денешниот меч пред многубројна публика на малата трибина од стадионот во Струга, Победа во првото полувреме настапи со. Тофилоски, Стомнароски, Делов, Паноски, Рамани, Бошески, М. Наумоски, Кахримановиќ, Б. Спиркоски, Мазари и Петејчук. Во второто полувреме имаше повеќе измени со Котевски, Јованоски, Јосифоски, Кисески-Илијоски, Хани, Коцев…. Во екипата на Победа одиграа и тројца Африканци, кои се на проба.

Летово ова беше трет пријателски меч на Победа. Следниот е в среда, со албанската Егнатија, во Прилеп.

Од категоријата

(фото, видео) ЧЕТВРТИ ПАТ СЕ ПОЈАВИ БРОЈОТ ТРИ!

Зоран Иге

ЕДЕН СПРОТИ ДРУГ: ЕЛМАС ДАДЕ ГОЛ, НЕСТОРОВСКИ ВОЗВРАТИ!

Зоран Иге

СЕДУММИНА ДОЈДОА, УШТЕ ТРОЈЦА ЌЕ ИМА НОВИ ВО ПОБЕДА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе