Новата фудбалска прволигашка сезона е на прагот. В сабота екипата на Победа гостува кај Струга. Во прилепскиот тим за настап конкурираат шестемина нови – за врска Хамза Рамани од струмичка Беласица, бранителите Методија Делов од Тиквеш, Игор Паноски од Воска и Огнен Ѓурковиќ од Будуќност Добановци, левите странични Христијан Коцев од Македонија ЃП и Агон Хани од Струга. Можно е да се приклучи уште некој нов.
„Се надеваме дека барем уште Нигериецот Џејмс ќе го приклучиме. Станува збор за фудбалер кој има настапувано во белгискиот Лирс. Сметам дека со него би имале голема помош во нападот“, рече Бобан Бабунски, шеф на Стручниот штаб на Победа.
Целиот разговор со Бабунски може да се гледа на следниот линк: