Првенството од Првата фудбалска лига на Македонија почнува в сабота со мечот Струга – Победа. Од него најавен е телевизиски пренос на три канала: МТВ 1, МТВ 3 и Арена спорт 5 (Србија). Почетокот на мечот е во 17,30 часот, а Победа на него означува враќање на прволигашката сцена по три години.
На Градскиот стадион во Струга влезот чини 100 денари.