Дознаваме за потписот на Ѓорѓи Јованоски за фудбалскиот прволигаш Победа. Повратник е во клубот, а доаѓа од виничка Слога. Конкурира за голманското место покрај Дарко Тофилоски и Даниел Котевски. Претходно Победа ги претстави засилувањата: за врска Хамза Рамани од Беласица, бранителите Методија Делов од Тиквеш, Игор Паноски од Воска и Огнен Ѓурковиќ од Будуќност Добановци, левите странични Христијан Коцев од Македонија ЃП и Агон Хани од Струга.
И натаму доаѓаат фудбалери кои се заинтересирани да му пристапат на прилепскиот клуб. Од вчера тука се двајца Африканци, а претходно беа дојдени тројца Нигеријци, па уште неколку други странци, како и домашни фудбалери на проба или на преговори.
Првиот првенствен меч е на прагот, в сабота кај Струга.