Шах

ЗБОГУМ ЗА ШАМПИОНОТ!

На 76 години почина Ордан Ѓорѓимајкоски, поранешен сениорски шаховски првак на Прилеп. Успехот го има постигнато во далечната 1979 година. Има титула мајсторски кандидат, во тоа време мошне вредна и ценета. Членува во шаховските клубови Црн бор, Тутунски комбинат и Енергоинвест 11 Октомври. Со Тутунски комбинат учествува во Втората југословенска лига. Победува на многу блиц-турнири во Прилеп, освојува високи места и на викенд-турнирите во Маврово и Скопје. Главна одлика му е острата комбинаторна игра каде во една партија го победува и шампионот на тогашна Југославија, Миралем Џевлан. Тој стил на игра подоцна е усвоен и практикуван од плејада на прилепски шахисти кои израснаа во шаховскиот клуб во старата прилепска чаршија.

Вечна слава за еден од најдобрите прилепски и мкакедонски шахисти

Од категоријата

ПРИЛЕПЧАНЧЕТО ПАВЛЕСКИ РАМНО СО МАКЕДОНСКИОТ ШАМПИОН!

Зоран Иге

(ФОТО+ВИДЕО) МЕТЕЖ КАЈ ШАХОВСКАТА ТАБЛА ВО ПРИЛЕП

Зоран Иге

ПРИЛЕПЧАНЕЦОТ СТАНОЈОСКИ ВТОР МЕЃУ 173 УЧЕСНИЦИ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе