Ракомет

МОЖНО Е ВТОРО ЗАСИЛУВАЊЕ ЗА ПРИЛЕП

Првенството во машката ракометна Супер лига  стартува в сабота, а клубот Прилеп дотогаш има шанса да оствари второ засилување во своите редови. Станува збор за искусен ракометар од Грузија кој игра како среден бек. Веќе одигра неколку пријателски пробни натпревари и наскоро се очекува одлуката дали ќе му пристапи на Прилеп. Во овој клуб веќе настапуваат неговите сонародници – десното крило Реваз Чантурија, во улога и на тренер, како и левиот бек Мириани Гавашелишвили. Во клубот првото засилување беше повратникот на позицијата пивот, Пеце Ѓорѓиески од Струга.

Прилеп летово со подмладениот состав ги има овие резултати, со Струга (29:29), со Тиквеш (19:24), на турнирот „Миле Нешковски“ со ПАОК (28:26), Струга (27:26) и со Дубочица (24:36), така што со пет пријателски меча го чека првиот суперлигашки, в сабота дома со скопски Алкалоид.

Од категоријата

ДЕСПИНА Е СЕДМА!

Зоран Иге

В НЕДЕЛА ЌЕ СЕ ВИДИ КОЈ Е НАЈВЕРЕН НАВИВАЧ НА РК ПРИЛЕП!

Зоран Иге

ПОПЛАДНЕВО Е ПОЧЕТОКОТ

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе