Финансискиот фактор е пресуден за постоењето или непостоењето на спортските, фудбалските клубови кај нас. Така е, веројатно, со Братство од Житоше, клуб кој чесно се бореше во второлигашката конкуренција, каде направи неколку изненадувања. Всушност, пред една година беше хит со влезот во Втората лига – Исток, преку победата над Турново. А само една година потоа, откако клубот отпадна, го нема меѓу 12 учесници во Третата лига – Југ. Првенството почнува в недела, а таму се Вардар Н., Марена, Превалец, Локомотива, Големо Коњари, Бучин, Младост К., Слога Л., Обршани, Питу Гули, Канатларци и Росоман.
Дали Братство ќе биде барем во Општинската лига на ОФС Прилеп?