Фудбал

ТРИ СТАРИ ТИМА НЕМА, ИМА ДВА НОВИ

Попладнево (16 ч.) се играат натпреварите од 1. коло на фудбалската Трета лига – Југ. Учествуваат 12 тима. Првакот од минатото првенство, неготински Вардар, гостува кај Марена, шестопласирана од таа табела. Вардар убедливо беше првак и се очекува да атакува кон врвот и во ова првенство. Но, треба да поминат пет-шест кола за да се види кои други екипи ќе му бидат конкуренти. Можеби велешки Превалец, кој беше второпласиран, а денеска игра со Локомотива од Градско, довчерашниот второлигаш. Не треба да се заборави и на третиот Росоман, екипа која пред две години беше второлигаш. Попладнево гостува кај новиот третолигаш Канатларци. Овој меч се игра во Тополчани. Четвртиот од претходното првенство, крушевски Питу Гули, гостува кај 12-тото Обршани. Седмото Големо Коњари дома игра со 11-тиот Бучин, а деветтата Слога од Лажани гостува кај десеттата Младост во Кривогаштани.

Од минатото првенство со 13 тима ги нема Ново Црнилиште, Динамо (Мажучиште) и Возарци, а нови во ова првенство се Локомотива и Канатларци.

Од категоријата

ФИЛИП МИРЧЕСКИ, СЕПАК, ОСТАНУВА ВО ПОБЕДА!

Зоран Иге

СТРУГА – ПОБЕДА ТВ-ПРЕНОС НА ТРИ КАНАЛИ!

Зоран Иге

КАДЕТСКО БИТОЛСКО-ПРИЛЕПСКО РЕМИ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе