Се што е потребно обезбеди Фудбалскиот клуб Победа и 24 патници се подготвени за пат кон Колерајн, каде што в среда, 28 септември ќе се одигра првиот меч од 1. коло на Младинската лига на УЕФА, Колерајн (шампион на Северна Ирска) – Победа (шампион на Македонија). Тргнувањето е в понеделник, пристигнувањето вторник. Од Прилеп се патува со автобус до Скопје. Потоа се авионските летови: Скопје – Загреб – Лондон – Белфаст. Од Белфаст е автобуски превоз до Колерајн, каде вторник е во план тренинг во вечерниот термин од 20,30 часот, кога в среда е натпреварот. Прилепскиот клуб изнајде поедноставно решение за враќање – прво е автобускиот превоз од Колерајн до Белфаст, потоа се авионските летови Белфаст – Лондон – Солун и со автобус до Прилеп, в четврток вечерта.
Ова е последниот натпревар од вкупно 16 што се во елиминациската фаза од Младинската лига на УЕФА.