Екипата Прилеп изваде 25:25 во Струга, во 4. коло од ракометната машка Супер лига на Македонија, А-група. Ова е прв бод есенва за прилепчаните, по претходните три пораза со Алкалоид, Охрид и скопски Вардар. Вечерва во Струга беше рамноправен натпревар. Домашните водеа во првиот дел со 14:12. Во второто полувреме Прилеп возврати со израмнување, дури ја имаше последната акција за победа, но неуспешна.
Во следното коло Прилеп – Вардар Н., а Алкалоид – Струга.