Атмосферата се загрева за утрешниот меч во Колерајн, помеѓу шампионот на Северна Ирска и прилепска Победа, шампионот на Македонија, во 1. рунда од Младинската лига на УЕФА. Двата тима дебитираат во Европа. Домашниот клуб испрати порака до навивачите:
„Вие, фановите, ни требате в среда навечер кога создаваме историја. Донесете ја вревата на трибините“, е клупската порака.
Есенва имаат настапи и сениорската и младинската екипа. Дали младинците ќе бидат гледани од повеќе публика за разлика од сениорите? Сениорскиот тим Колерајн на последниот меч со Њури сити го гледале 1456 гледачи со платени влезници. Влезниците за тој натпревар биле по цена од 12 фунти. За утрешниот натпревар на младинците против Победа, билетите се по цена од 5 фунти.
Влезот во Колерајн е бесплатен за сите под 18 години и над 65.