Во Западна Европа животот се живее со брзина 300 на час, луѓето преполни со обврски, особено во работен ден ни секунда немаат мир. Но, прилепчанецот, каде и да е, во срцето ја носи Победа. Така и Влатко Аврамоски, инженер по сточарство кој живее во Лондон.
„Пред мене гледам слика, го гледам Гешоски и Стручниот штаб со сите фудбалери. Come On POBEDA! GOOOOO ! “, порачува Аврамоски.
Денеска на Победа и држат среќа многу Македонци и прилепчани кои живеат во Велика Британија, вклучително Северна Ирска.