Фудбал

ПОБЕДА 82 МИНУТИ ВОДЕШЕ, НО КОЛЕРАЈН ОДИ НАТАМУ!

Екипата на Победа изваде само 2:2 дома со Колерајн од Северна Ирска во реванш-мечот од 1. коло на Младинската лига на УЕФА. Со оглед на победата на Ирците од 3:2 на првиот меч пред седум дена, тие одат во второто коло, против Генк од Белгија кој со 4:2 славеше над Славија во Прага. Попладнево убаво започна натпреварот со водечкиот гол во 6. минута на Виктор Тошески. Победа ја имаше иницијативата во првото полувреме и контролата врз играта. Во второто полувреме гостите се поправија, но се чинеше дека не се моќни за израмнување. Во 82. минута – шок. Гол постигна Лук Кели. Потоа пресврт, со нов гол за гостите преку Рори Мофат. Прилепчаните не запреа, се бореа и изборија пенал кој во гол го претвори Филип Тодороски во 89. минута. Во меѓувреме црвен картон за Колерајн. За уште еден гол немаше доволно време и Ирците со вкупни 5:4 се во втората рунда. ПОБЕДА (4-3-3): Мариновски – Ѓорчески (85. Миланоски), Аризанкоски, Ковиловски (86. Петејчук), Поп-Антоски – Крстески (67. Варошаноски), Кочоски, Јакопетревски (89. Нанчески) – Дебрешлиоски, Тодороски, Тошески. Клупа: Шемковски, Шиков. 

СТАТИСТИКА

ПОБЕДА – КОЛЕРАЈН

57% посед на топка 43%

87 напади 64

10 вкупно удари 8

2 удари в гол 5

5 корнери 2

4 офсајди 3

3 голмански одбрани 0

9 прекршоци 13

4 жолти картони 4

0 црвени картони 1

 

 

Од категоријата

ПОЧНУВА ПОТПИШУВАЊЕТО НА ДОГОВОРИТЕ!

Зоран Иге

ПОБЕДА Е БЛИСКУ ДО ОДЛУКАТА ЗА НОВ ТРЕНЕР!

Зоран Иге

ДА НЕМА ЗАБУНА: САБОТА 13 ЧАСОТ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе