Фудбал

ДЕНЕСКА А. ПАНДЕВ ПРВПАТ НА ГРАДСКИ ВО ПРИЛЕП!

Денеска од 14 часот на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп е мечот од 11. рунда на фудбалската Првата лига на Македонија, Победа – Академија Пандев. Струмичкиот тим досега не гостувал на овој стадион, бидејќи претходните четири меча Победа била домаќин во Охрид, на Могила во Прилеп, во Битола и во Турново. Што се однесува до есенскиов дел од првенството, две рамноправни екипи, ако се има предвид дека досега освоија по 7 бода. За Победа е шанса да врзе две победи во серија, по минатонеделниот триумф врз Силекс во Кратово.

– За нас секој натпревар е „да се биде или не“. Без оглед дали играме дома или на гости, мора да се бориме до максимум за да извлечеме поволен резултат оти, како што видовме претходно, домашниот терен не е некоја предност. Според тоа, за нас нема слаб противник и мораме да дадеме се од себе за да стигнеме до целта – вели Бобан Бабунски, шефот на Стручниот штаб на Победа.

Во Победа нема струмичанец, а во Академија Пандев еден прилепчанец, Бојан Димоски.

ПОБЕДА: Тофилоски, Бошески, Паноски, Стомнароски, Хани, Рамани, Мазари, Дадет, Петејчук, Тодоров, Џејмс. Тренер: Бобан Бабунски.

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ: Јовановски, Димов, Акоста, Велиновски, Крстевски, Цикарски, Ивановски, Митровски, Димоски, Ангелов, Најденов. Тренер: Александар Васоски.  

ДРУГИТЕ ДВОЈКИ ОД 11. КОЛО: Денеска Македонија ЃП – Скопје, Брегалница – Силекс, Работнички – Шкендија, утре Шкупи – Струга.

Од категоријата

НАПРЕДОК ПО ДОЛГИ 5 ГОДИНИ СЕ ВРАЌА ДОМА!

Зоран Иге

(ФОТО+ВИДЕО) ТРИТЕ ИЛЈАДИ ГЛЕДАЧИ ОЧЕКУВАА ПОВЕЌЕ ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

ЧЕСТИТКА ОД ГОЛЕМО КОЊАРИ ДО ШКУПИ В СРЕДА НА ЧАИР

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе