Кошарка

(ФОТО) ПОБЕДИЈА СО 29 РАЗЛИКА!

Кошаркарскиот меч од 2. коло на машката Трета лига на Македонија Б-група помеѓу прилепски Мега баскет и Дибра иглс од Дебар, го доби домаќинот со 84:55.  Прилепскиот тим доби три четвртини, првата со 21:6, втората со 21:14, четвртата со 26:16, а на дебарчаните им припадна третата со 19:16. Ова е втор триумф на Мега баскет, по минатонеделниот со 81:67 во Гостивар, а прв пораз на Дибра иглс. Во следното 3. коло дебарскиот состав игра дома со скопски Албес, а прилепскиот тим и гостува на Спарта во Скопје.

МЕГА БАСКЕТ: Стевананџија 9, Јовчески, Здравевски 13, Митрески 20, Давор Трајкоски 8, Крстески 11, Јаневски 9, Кузманоски 2, Костоски 4, Настески, Домлевски, Дејан Трајкоски 8. Тренер: Стефан Стевананџија.

ДИБРА ИГЛС: Ќормемети 12, Доволани 2, Атипи, Папранику 15, Џумкар 3, Врзиволи 6, Деволани, Јакупи 7, Петрески, Чутра 10. Тренер: Гафур Дика.

 

 

Од категоријата

(фото) ГРЧКАТА ЛАРИСА НА ДУЕЛ СО ПРИЛЕПЧАНИ!

Зоран Иге

ПРИЛЕПЧАНИ СЕ ПРИЈАВИЈА ЗА ВТОРА ЛИГА, УШТЕ ДА УПЛАТАТ 1000 ЕВРА

Зоран Иге

(видео)ГО СОБОРИ РЕАЛ МАДРИД И ИМА ЛИЧНА КАРТА ОД ПРИЛЕП!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе