Џудо

ЕДЕН КЛУБ ВО ЕДЕН ДЕН СОБРА МЕДАЛИ ОД ТРИ ДРЖАВИ!

Вчерашниот ден е еден од најактивните за прилепскиот Џудо-клуб „Сеишин“. Овој спортки колектив успеа да земе учество во три држави: Грција, Црна Гора и Македонија. И не само да учествува, туку и да освои медали.

На турнирот во Аминдео (Грција) беше учеството со најмалата категорија – деца родени од 2012 до 2017 меѓу кои на поголем дел од нив им беше прв натпревар од ваков тип. Осум џудисти освоија 9 медали, на задоволство на тренерите Дејан Мицкоски и Марио Тошески. Во Цетиње (Црна Гора) беше учеството со 5 натпреварувачи кои освоија 3 медали. Теодора Илиоска е прогласена за најдобар техничар. Поддршка за џудистите беа тренерите Мартин Ристески и ветеранот Киро Здравески. Во Скопје во организација на Џудо-клубот „Миоки“ учествуваа 8 прилепски џудисти, членови на „Сеишин“ кои освоија 3 медали. Од прикажаното се задоволни тренерите Мики Чадамов и Марио Цинцароски.

Новата генерација џудисти дава надеж за успеси и на повисоките меѓународни натпревари во овој олимписки спорт.

Од категоријата

ТУРНИР ЗА ПАМЕТЕЊЕ ПРЕД ПОЛНА ТРИБИНА!

Зоран Иге

УТРЕ СЕ ПОЛНИ САЛАТА ВО ПРИЛЕП

Зоран Иге

ОСУМНАЕСЕТ МЕДАЛИ ОД ДВА ПРИЛЕПСКИ КЛУБА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе