Есенва се полнеше Градскиот стадион „Гоце Делчев“ за фудбалските натпревари на Победа, а утре (сабота) во 19,30 часот ќе биде полна трибината од салата во ООУ „Добре Јованоски“ за кошаркарско дерби во Прилеп. Судирот е меѓу претендентите за првото место во машката кошаркарска Трета лига Б-група, прилепски Мега баскет и скопски Албес. Двата тима се непоразени, со три, односно четири победи. Мотив плус за прилепчаните е случајот од претходното првенство, кога поради меч токму со Албес следеше исклучување од лигата и од плеј-офот, иако според резултатите заслужи да е во таа фаза. Сега Мега баскет сака да покаже со игра дека е подобар тим и оти местото му е на врвот од табелата. Прилепската екипа две недели се подготвува за овој дерби-меч, по победата од 67:63 над Спарта во Скопје.
Мислење во врска со ова дерби од Стефан Стевананџија, играчот-тренер на Мега баскет, на следниов линк: